Учество на претседателот Иванов на безбедносниот форум “ГЛОБСЕК 2015”
Сабота, 20 Јуни 2015   

Forum_3

Претседателот Иванов, за време на учеството на Глобалниот форум за безбедност ГЛОБСЕК 2015 во Братислава, се обрати на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа".

„ Време е да ги користиме вистинските зборови за да ги опишеме состојбите. Република Македонија е жртва на неодлучноста на Европскиот Совет, на одлуките на некои кои не мислеле на последиците од нивните одлуки. Во голема мера денешните состојби се резултат на предолгото држење на Македонија во чекалната. Не барам алиби за состојбите и кај нас има вина, потенцира претседателот Иванов на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа", што заврши доцна синоќа, во рамки на безбедносниот форум што се одржува во Братислава.
Претседателот Иванов потсети дека Република Македонија има добиено шест позитивни препораки за членство во ЕУ, а со 16 Акциски планови за членство во НАТО, како што рече, македонската е најпроверена Армија во историјата на човештвото.

„Во услови на криза и вакви состојби мора да има друг начин на носење одлуки. Има недостаток на солидарност во поглед на поддршка за интеграција во Регионот, има и недостаток на соработка и доверба меѓу безбедносните служби во Регионот. Целата доверба што се градеше со години поради несоработката на Косово, но и други служби е разнишана", рече меѓу другото претседателот Иванов.

Во рамки на учеството на Глобалниот форум за безбедност, претседателот Иванов во Братислава оствари средба со претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски.

KOMOROVSKI_001

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните политички економски состојби во двете земји како и за севкупните безбедносни политички состојби во регионот, вклучувајќи ја и Република Македонија.

Претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката од Република Полска во реализација на стратешките цели на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО. Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат вашата лична поддршка и поддршката на Полска, рече претседателот Иванов.
.
Претседателот Иванов имаше средба и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачката Република, г. Мирослав Лајчак, на која заеднички беше констататирано дека билатералните односи меѓу Македонија и Словачката Република се одлични.

Lajcak_1

Претседателот Иванов на средбата информираше за политичката и безбедносната состојба во Република Македонија, а беа разменети мислења и за генералните состојби во регионот на Jугоисточна Европа, како и за состојбите со евроатланстските интеграции.

Министерот Лајчак потенцира дека Словачка добро ги разбира последиците од предолгата статус-кво состојба во интеграциите и дека како и досега Република Македонија може да смета на поддршката од неговата земја.

Forum_10

  Back<<Назад