|
Одбележан Светскиот ден на филозофијата
|
|
Четврток, 20 Ноември 2014
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на годинешната прослава на Светскиот ден на филозофијата, што под негово покровителство се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.
Претседателот Иванов на прославата, организирана од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет и Филозофското друштво на Македонија, одржа предавање на тема Филозофијата и образованието.
На настанот беше промовирано списанието „Филозофска трибина 16“. Македонскиот претседател е традиционален покровител на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата во Република Македонија.

|