|
Њујорк - средби со Пал Шмит, Ангела Меркел, учество на Клинтоновата глобална иницијатива
|
|
Вторник, 21 Септември 2010
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов во Њујорк имаше билатерална средба со претседателот на Унгарија Пал Шмит. На средбата, Претседателот Шмит изрази силна поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ, во пресрет на унгарското претседавање со Унијата. Иванов потенцираше дека за Македонија е исклучително важно одредуванњето датум и почнувањето преговори за членство во ЕУ. Побарал поддршка од Унгарија за ова праѓање. Смит најавил дека е подготвен да биде знаменосец на Македонија во Унијата. На средбата двајцата претседатели разговараа за улогата на Република Македонија и важноста на нејзината евринтеграција за регионалната стабилност. Според Шмит, Унгарија при интеграциите се водела од принципот дека билатералните прашања не смеат да бидат пречка за интеграциите на земјите од регионот. Шмит ја потенцираше неговата силна лична поддршка за членството на Хрватска во ЕУ и поддршката на Унгарија за интеграциите на другите земји од регионот, истакнувајќи дека е време Македонија да продолжи со овој процес. Претседателот Шмит изрази интерес и високо го оцени македонскиот интегративен модел за етничките заедници. Разговарано било и за засиленате соработка на Македонија со регионалните организации, како што се Дунавската иницијатива и Вишеградската група. Шефот на македонската држава вчера во Њујорк имаше и куса неформална средба со германската канцеларка Ангела Меркел. На средбата беше потврдена германската поддршка за евро-атланската интеграција на Македонија. Заедничка оценка е дека билатералните односи на двете земји се одлични. Иванов и Меркел разговараа за можностите за продлабочување на трговската размена.
Претседателот Иванов на маргините од самитот на Клинтоновата Глобална иницијатива, имаше неформални средби со домаќинот Бил Клинтон, со поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, со израелскиот претседател Шимон Перес, летонскиот претседател Валдис Затлерс, претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, со претседавачот на босанското претседателство Харис Силајџиќ и со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На иницијатива на претседателот Иванов е остварена и заедничка средба со претставници на македонската дијаспора и Националниот американски албански совет. Претседателот истакна дека очекува заедничките средби на претставници на македонската и албанската дијаспора да станат пракса, со цел заеднички настап на овие организации.
|