Прием за борците на НОБ – 70 години од Првото заседание на АСНОМ
Четврток, 31 Јули 2014   

priem_borci_nobПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод 70-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, денеска приреди прием за борците од Народноослободителната борба.

Во предвечерјето на нашиот најголем празник, Илинден, македонскиот претседател изрази благодарност до борците во Народноослободителната и антифашистичка борба, потенцирајќи ја нивната клучна улога во остварувањето на сонот на многу генерации. „Денес сме овде, благодарение на вас и вашата борба за слободна Македонија", истакна претседателот Иванов кој додаде дека треба да се гордееме со сето она што го сториле генерациите пред нас, оставајќи ни завет да ја почитуваме слободата, да ја чуваме државата и да ја оставиме на нашите потомци уште поразвиена и попросперитетна.

Во името на Сојузот на борците благодарност до македонскиот претседател за укажаната чест и поддршка изрази д-р Трајко Стаматовски, кој порача дека делата на борците од Народноослободителната борба, нивната истрајност и пожртвуваност, не смеат да се заборават.

  Back<<Назад