Промоција на дипломираните питомци од Воената aкадемија „Генерал Михаило Апостолски“
Четврток, 31 Јули 2014   

promocija_pitomciПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана, д-р Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска во касарната „Гоце Делчев" во Скопје, присуствуваше на свечена промоција на 14-та класа на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски"

Во рамки на промоцијата, претседателот Иванов, министерот Јолевски и генералот Котески, им доделија награди на најдобро рангираните питомци во класата според покажаниот успех, Ненад Дубљевиќ, Илија Сребренов и Елеонора Науновска.

На свеченоста, 34 питомци од 14-та класа беа промовирани во чин потпоручник а двајца од родот авијација во чин поручници. Во рамки на оваа класа, 28 питомци се од Република Македонија, додека шест се од Црна Гора, додека во однос на половата застапеност, од 34 питомци, 10 се припаднички на женскиот пол.

  Back<<Назад