Честитка до Претседателот Медведев
Вторник, 14 Септември 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ја упати следната честитка до Претседателот на Руската Федерација, Дмитри Медведев, по повод неговиот роденден:

Почитуван господине Претседател,
Ми причинува особено задоволство од мое лично име и од името на граѓаните на Република Македонија, да Ви го честитам роденденот.
Истовремено ја користам можноста да Ви посакам Вам, и на Вашето семејство добро здравје и среќа, како и понатамошен успех во извршувањето на Вашите одговорни обврски со желби за просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзините граѓани.
Се уште во пријатно сеќавање ми се нашите неодамнешни средби во Москва и Санкт Петербург. Убеден сум, дека соработката и односите на  пријателство меѓу нашите две земји, во годините што доаѓаат, со заеднички ангажман успешно ќе се развиваат и продлабочуваат во сите области од заемен интерес. На тоа не обврзуваат долгата и богата традиција на македонско - руските односи.
И во оваа прилика, почитуван Претседателе, сакам да ја повторам мојата, и од граѓаните на Република Македонија, благодарност за досегашната поддршка што Вие лично и Вашата земја континуирано и ја давате на мојата земја.
Ве молам, почитуван Претседателе, да ги примите изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад