Средба со претставници на Македонската традицонална карате федерација
Петок, 13 Јуни 2014   

karateПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на Македонската традицонална карате федерација по повод 45 години од формирањето на Македонската традиционална карате федерација.

Претседателот Иванов на средбата го честита овој голем јубилеј на македонските каратисти, посакувајќи и натаму да продолжат со остварување нови спортски успеси и достигнувања, и достојно да ја претставуваат Република Македонија во светот. Претставниците на Македонската традиционална карате федерација предводени од Венцислав Недев, претседател на Македонска традиционална карате се заблагодарија на македонскиот претседател за приемот и големата поддршка која им ја дава во континуитет на каратистите и сите спортски работници. Првиот карате клуб „Работнички”, како и првото регуларно републичко првенство официјално се регистрирани во 1969 година.

  Back<<Назад