Кога се работи посветено и одговорно, резултатите доаѓаат - средба со најдобрите ученици од Колеџот Јахја Кемал од Скопје
Четврток, 12 Јуни 2014   

jahja1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници и ученици, добитници на награди и признанија од Колеџот Јахја Кемал од Скопје.

Претседателот Иванов честитајќи им на учениците за постигнатите успеси, им посака во наредниот период уште многу награди, и со уште подобри резултати да ја претставуваат Македонија во Европа и во светот. Македонскиот претседател порача дека кога се работи посветено и одговорно, резултатите доаѓаат. Заблагодарувајќи се за приемот, учениците од Колеџот Јахја Кемал, се претставија и го информираа претседателот Иванов за освоените награди, признанија и медали во домашните и на меѓународни натпреварите на кои досега учествувале.

Матурантот Бојан Серафимов од Виница со бронзен медал од Светската олимпијада по информатика во Австралија и бронзен медал од Светската олимпијада по математика во Колумбија ќе го продолжи своето образование на Институтот за технологија во Масачусетс во Бостон. Неговиот соученик Филип Бујароски од Скопје кој има освоени голем број награди и медали на натпревари по информатика ќе студира економија на Харвард Универзитет во Бостон, додека ученичката Марија Тепеѓозова од Скопје ќе продолжи со студиите на Кембриџ Универзитетот во Лондон.

На средбата со претставниците на колеџот беа разменети мислења во врска со функционирање на приватното образование во рамките на образовниот систем на Република Македонија, како и за натамошно унапредување на наставните планови и програми.
jahja2

  Back<<Назад