Средба на претседателот Иванов со здруженија на граѓани од областа на заштитата на животната средина
Четврток, 05 Јуни 2014   

nevladiniПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска, по повод Светскиот ден на животната средина, прими претставници на 15 здруженија на граѓани од областа на заштитата на животната средина.

На средбата, на која присуствуваше заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски, беа разменети мислења за повеќе аспекти од заштитата на животната средина.

Претседателот Иванов изрази поддршка за активностите на овие организации, потенцирајќи ја важноста од подигнувањето на свесноста за прашањата поврзани со заштитата на животната средина.

Претставниците на здруженијата на граѓани му се заблагодарија на претседателот Иванов за приемот и го информираа за тековните активности, проекти и иницијативи што ги превземаат во врска со заштитата на животната средина, климатските промени, подобрување на енергетската ефикасност, како и обезбедувањето на обновливи извори на енергија. Тие посочија на тековните проекти што ги превземаат со локалните власти, со цел заштита и унапредување на животната средина.

Соговорниците заклучија дека е потребно натамошно подигање на јавната свест и информираноста за значењето на екологијата и заштитата на животната средина, како и зајакнување на меѓународната соработка во делот на заштитата на природата.
nevladini1


  Back<<Назад