|
Амбасадорот на Исланд Стефан Скјалдарсон ги предаде акредитивните писма
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Исланд, Н.Е. г-дин Стефан Скјалдарсон. Претседателот Иванов му посака добредојде на Амбасадорот Скјалдарсон, оценувајќи дека на двете земји им претстои период на интензивирање на односите и подинамична соработа. Претседателот, на средбата со Амбасадорот Скјалдарсон, истакна дека Македонија и Исланд се две далечни земји кои се обединети од заедничките европски вредности и принципи. Според Претседателот Иванов, мировниот и развоен проект на обединување на Европа нема алтернатива за сите држави кои припаѓаат на поширокиот европски цивилизациски и вредносен простор. Тема на разговор беше соработката и размената на искуства меѓу двете земји во процесот на интеграциите во Европската Унија, со цел побрзо исполнување на оваа висока цел. На средбата, соговорниците разгледуваа можности за подобрување на размената и соработката во областа на економијата. Претседателот Иванов ги истакна можностите на Македонија како растечко стопанство и земја посветена на економските реформи.
|