|
Претседателот Иванов во телефонски разговор со претседателот Николиќ изрази сочувство за настраданите во невремето во Србија
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера вечер оствари телефонски разговор со претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ, во кој изрази жалење за изгубените животи и настраданите во невремето и поплавите кои ја зафатија Република Србија.
Воедно, македонскиот претседател порача дека Република Македонија е подготвена да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.
Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи, кои се во се поголем пораст, а со цел нивна превенција и ублажување на последиците.
|