|
Врачено уверението од ДИК за втор претседателски мандат на претседателот Иванов
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој победи на претседателските избори и повторно ја доби довербата на граѓаните, денеска од Државната изборна комисија го доби уверението за нов мандат за Претседател на Република Македонија.
Уверението на претседателот Иванов му го врачи членот на Државната изборна комисија, г. Бедредин Ибраими, кој воедно му честита за победата.
Според конечните резултати на ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април, претседателот Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат, Стево Пендаровски, освои 398.077 гласови.
До Државната изборна комисија не беше поднесен ниту еден приговор во однос на изборниот процес за избор на Претседател на Република Македонија.
|