|
Церемонија на свечено менување на државното знаме
|
|
|
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов , денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На церемонијата, присуствуваа ученици од С.У.Г.Ц. Гимназија „Јосип Броз Тито " од Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
|