|
Средба со делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на СЕ за набљудување на претседателските избори во РМ
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска оствари средба со делегација на Ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Република Македонија, предводена од г. Штефан Шенах.
На средбата, претседателот Иванов изрази убеденост дека Република Македонија и нејзините институции имаат докажани капацитети за спроведување на избори во согласност со европските стандарди. Очекувам сите учесници во изборите, особено политичките партии, да ги почитуваат изборните правила и закони, да постапуваат одговорно со почитување на демократските стандарди и во фер атмосфера да се спроведе изборниот процес, истакна македонскиот претседател на средбата.
Членовите на Ад-хок комисијата за набљудување на претседателските избори на Парламентарното собрание на Советот на Европа го запознаа претседателот Иванов со нивната мисија поврзана со претстојниот изборен процес во Република Македонија. На средбата беа разменети мислења и информации за улогата на одделни сегменти и чинители во изборниот процес.

|