|
Новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Раковски Симеонов Лашев ги предаде акредитивните писма
|
|
|

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија, г-дин Раковски Симеонов Лашев. На свеченото предавање на акредитивите, Претседателот Иванов му посака добредојде на амбасадорот Лашев во Македонија. Претседателот изрази надеж дека амбасадорот Лашев ќе даде силен придонес кон натамошно унапредување на односите на двете држави. Според Претседателот Иванов, односите на двете земји се на одлично ниво, со големи можности за натамошно унапредување на соработката. Претседателот оцени дека двете држави делат заеднички вредности, стратегиски цели и се посветени на соработката, во интерес на државите, како и во интерес на развојот на регионот. Амбасадорот Лашев изјави дека нема да штеди сили во работата на зацврстувањето на врските и на соработката меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Амбасадорот изрази задоволство од нагорниот развој на билатералната соработка, особено во областа на трговијата и енергетиката. Според амбасадорот Лашев, една област на која мора да се концентрира меѓудржавната соработка е во заедничките инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат двете земји.
|