Писмо на сочувство до Претседателот на Република Албанија г-дин Бамир Топи
Понеделник, 19 Јули 2010   

Почитуван господине Претседател,
Со голема тага ја примив трагичната вест за автобуската несреќа, и длабоко жалам за загубените животи.
Дозволете ми, господине Претседател, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да го изразам своето длабоко сочувство до Вас, граѓаните на Република Албанија и до семејствата на настраданите. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и семејствата на настраданите.
Ве молам, господине Претседател, да ги пренесете изразите на моето искрено жалење до семејствата на трагично настраданите.
д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад