„Ова е уште една потврда дека местото на АРМ е во НАТО“ – претседателот Иванов присуствуваше на вежбата „Македонски блесок 9“ на Криволак
Четврток, 17 Октомври 2013   

krivolakСо оваа воена вежба АРМ уште еднаш покажа дека е подготвена да се спротивстави на сите можни закани, да ги извршува најкомплексните борбени дејствија и како и досега да ги задоволи сите НАТО-стандарди, оцени претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, по денешното изведување на вежбата „Македонски блесок 9" на АП „Криволак" и ЦО „Пепелиште".

Со овие вежби, нагласи претседателот Иванов, се одржува и кондицијата на припадниците на АРМ.

„Ова е уште една потврда дека местото на АРМ е во НАТО и оти не е прашање дали, туку моментот кога Армијата ќе биде дел од Алијансата", изјави претседателот на Република Македонија и врховниот командант на вооружените сили. „Со оваа вежба се покажа дека припадниците на АРМ се подготвени да се спротивстават на сите можни закани, дека можат да извршат најкомплексни и офанзивни борбени дејствија, кои се во согласност со сите НАТО стандарди. Се надевам дека овие вежби кои денеска ги изведоа припадниците на АРМ, ќе ги добијат највисоките оценки", рече претседателот Иванов.

krivolak1Началникот на ГШ на АРМ Котески оцени дека денеска е изведена најголемата и најкомплексната вежба од страна на АРМ од нејзиното формирање, во која учествуваа сите видови армиски родови.


„Се оценуваше декларираната единица која брои 1.200 припадници со логистика од 400 други припадници на АРМ", појасни Котески и истакна дека е многу горд како началник на ГШ на АРМ од она што денеска беше прикажано.

Инаку, воено-тактичко-теренската вежба „Македонски блесок 9" се одвиваше реално со боева муниција. Се очекува на НАТО-оценување ниво 1 од страна на НАТО-тим од Здружената команда во Неапол на Полската болница „Роу 2".

На денот за високи гости на Криволак покрај практичната примена на тактиките и процедурите за изведување офанзивни борбени дејства припадниците на АРМ ја демонстрираа обученоста во извршувани различни гаѓања од пешадиско и артилериско вооружување.

krivolak2

  Back<<Назад