Посета на Прилеп и Солунска глава по повод 11 Октомври
Петок, 11 Октомври 2013   

prilep1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го посети Прилеп, каде присуствуваше на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, при што положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов - Ченто и ја посети смотрата на вооружувањето и воената опрема со која располага Армијата на Република Македонија.

По Прилеп, претседателот Иванов отпатува на планинскиот врв Солунска глава, кадешто ги посети стационираните единици на АРМ.

„Ова беше извонредна можност да ја посетиме Солунска глава, и на војниците и старешните и на полицaјците кои се тука, да им го честитаме празникот 11 Октомври. Бидејќи е ретка можноста да се посетат вакви објекти, еве ги искористивме последните сончеви денови кои ги има Македонија во октомври, да ја посетиме оваа единица. Воедно, во Прилеп учествувавме на смотрата, каде беше презентирано сето оружје со кое располага АРМ, и каде можеа граѓаните да видат со што располага нашата армија. Токму на денот на борецот да видат кои се тие што ја продолжуваат традицијата на нашите првоборци, кои биле во антифашистичкото востание, и кои го дигнале Народното востание на 11 октомври. Така да, на овој пригоден начин го одбележуваме и празникот и им посветуваме внимание на војниците кои се продолжувачи на таа наша светла традиција", изјави претседателот Иванов за време на престојот на Солунска глава.

SG1

  Back<<Назад