|
Свечена церемонија на промена на државното знаме
|
|
|
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа свечена церемонија на менување на државното знаме. На церемонијата, покрај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваа ученици од ОУ „Кочо Рацин" - Скопје, ОУ „Кузман Јосифовски Питу" - Скопје, како и деца од Детската градинка „Кочо Рацин" од Скопје.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

|