Изненадување за кошаркарските репрезентативци - Претседателот Иванов ги посети на тренинг пред заминувањето на Евробаскетот во Словенија
Петок, 30 Август 2013   

kosarkari0Изненадувањето за посетата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше подготвено во договор со капитенот на Македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ. Претседателот Иванов ги изненади македонските кошаркари, посетувајќи ги за време на нивниот тренинг одржан вчеравечер во спортската сала „Борис Трајковски".

Пред заминувањето на Македонската кошаркарска репрезентација во Словенија, каде македонските кошаркари ќе се натпреваруваат на Евробаскетот 2013 година, претседателот Иванов им посака многу успех и среќа на претстојното првенство.

Секако дека мотивот за освојување на високо место на претстојното првенство ме натера да ги изненадам своите соиграчи приредувајќи го ова изненадување, рече капитенот Антиќ.

kosarkari1Претседателот Иванов на македонските репрезентативци им изрази поддршка во името на сите граѓани на Република Македонија и им порача да веруваат во себе и во своите квалитети, истакнувајќи дека досега постигнатите успеси треба да бидат дополнителен мотив за освојување висок пласман и на претстојното првенство во Словенија.

Перо Антиќ, во име на тимот, се заблагодари за поддршката, потенцирајќи дека е чест да се бранат боите на Македонија и дека репрезентативците ќе дадат се од себе да ги оправдаат очекувањата и уште еднаш да ја израдуваат целата јавност.

Во знак на благодарност за посетата и искрените желби, репрезентативците му поклонија дрес на претседателот Иванов

kosarkari2

  Back<<Назад