Средба со кинескиот амбасадор, Н.Е Цуи Живеи
Понеделник, 19 Август 2013   

kinezПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Охрид оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија. Н.Е Цуи Живеи, кој одржа предавање на Школата за млади лидери, која се одржува по четврти пат на иницијатива на претседателот Иванов.

На средбата, претседателот Иванов и амбасадорот Живеи, разменија мислења за билатералните односи меѓу двете земји, како и за планираните активности во наредниот период, кои треба да ја продлабочат соработката во повеќе сфери од заемен интерес.

  Back<<Назад