|
Средба со членовите на претседателството на Македонската академија на науките и уметностите
|
|
Четврток, 07 Февруари 2013
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на претседателството на МАНУ. На средбата, која претставува редовна размена на мислења и информации за стратешките правци и интереси на Република Македонија, се разговараше за предизвиците кои се појавуваат на патот на евроатлантските интеграции на нашата земја. Во тој контекст беа разменети мислења и информации во однос на разговорите за прашањето за името, добрососедските односи, соработка околу неопходноста од стратешки истражувања.
|