|
Претседателот приреди новогодишен прием за децата на македонските мировници
|
|
Четврток, 27 Декември 2012
|
|
|
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, денеска приреди новогодишен прием за децата на припадниците на Армијата на Република Македонија кои се во мировни мисии, како и за децата на загинатите припадници на АРМ од мировната мисија „Алтеа”.
Во Домот на АРМ, децата на македонските мировници имаа можност да ја проследат новогодишната претстава „Дедо Мраз во земјата на пингвините”, а по завршувањето на претставата Претседателот им подели и новогодишни пакетчиња.
Претседателот Иванов на децата им посака годината што доаѓа да им биде полна со здравје, среќа, успех во учењето и радосни детски денови исполнети со смеа.
Децата имаа можност преку видео линк да ги поздрават и нивните родители кои во моментов се во мировните мисии во Авганистан и во Босна и Херцеговина.
|