|
Меѓу станарите од социјалните згради во населбата Јурија
|
|
|
На одделни средби со најстариот и најмладиот брачен пар кои растеле во дом без родителска грижа и потоа основале семејство, Претседателот Иванов денес се запозна со проблемите со кои се соочуваат овие семејства, како и со нивното барање да ги откупат становите во кои живеат. Никола Богоески, кој со сопругата добил социјален стан 25 години по заминувањето од Домот, го информираше Претседателот Иванов за неговиот досегашен опстанок под кирија и за очекувањата за иднината. - Работам во Центарот за рециклажа, а со примањата можеме да ги платиме сметките за струја за вода и другите давачки. Станот сакаме да го откупиме. Го запознаваме претседателот Иванов со ова барање за кое има некои регулативи со оглед дека изградбата е и со пари од донации - изјави Богоески. Тој наскоро треба да го добие имотниот лист за станот кој му беше доделен пред два месеци преку распределбата на 102-та таканаречени социјални станови во населбата Јурија, што ја организираше Министерството за транспорт и врски. Според Илија Јовановиќ, Претседател на Здружението на деца и младинци без родители од детските домови и дом семејства на Македонија - Градиме иднина - Скопје, Иванов е првиот македонски Претседател кој се заинтересирал за проблемите на децата без родителска грижа.
|