Претставници на турската заедница кај Претседателот
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес ги прими Министерот во Владата на Република Македонија г-дин Хади Незир, Претседателот на Демократската Партија на Турците во Македонија и пратеник во македонскотот Собрание г-дин Кенан Хасипи и Кадир Сали, генерален секретар на партијата. На срдечната средба беше разгледана положбата на значајната труска заедница во Република Македонија, и придонесот кој го дава во развојот на македонското општество. Беше истакнато задоволство од извонредните односи меѓу Република Македонија и Република Турција, за што несомнено свој придонес го дава и турската заедница во Македонија, како и поединците, етнички Турци, на истакнати позиции во македонската држава. Претседателот Иванов изрази очекување дека одличните односи на политички план проследени со голем број на посети меѓу Македонија и Турција ќе се преточат во еднакво добри економски односи, за што веќе се во тек поголем број на значајни, конкретни иницијативи.
|