Честитка по повод еврејскиот празник Песах
|
|
Честитка на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов до припадниците на еврејската заедница во Република Македонија по повод празникот Песах
Почитувани,
Дозволете ми да во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично и на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија да ви го честитам празникот Песах, кој е симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ.
Посакувајќи овие празнични денови да ги поминете во мир, среќа и радост би сакал да истакнам дека како Претседател на Република Македонија го ценам големиот придонес на еврејската заедница кон продлабочувањето и унапредувањето на меѓуетничките, интеркултурните и меѓурелигиозните односи во Република Македонија.
Длабоко сум убеден дека, како и досега и во иднина, еврејската заедница ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на Република Македонија, како и за негувањето и продлабочување на добрите и пријателски односи што Република Македонија ги има со Државата Израел.
Честитајќи ви го уште еднаш овој голем празник примете ги моите најискрени желби за мир и благосостојба.
Д-р Ѓорге Иванов
|