Доделување на „Орден за заслуги за Македонија“ на Есма Реџепова Теодосиевска
Вторник, 06 Април 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска со “Орден за заслуги за Македонија“ ја одликува Есма Реџепова - Теодосиевска. Орденот за заслуги Реџепова Теодосиевска го добива за исклучителните резултати во нејзината долгогодишна професионална музичка дејност со што даде исклучителен придонес во промовирањето и збогатувањето на музичкото творештво, како и за нејзините хуманитарни активности, а со тоа и афирмација на Република Македонија во светот.

  Back<<Назад