| Сега е време да создадеме млади за иднината - Претседателот Иванов во Охрид ја отвори третата Школа за млади лидери | |
|
|
„Сега е време да создадеме не само иднина за младите, туку и млади за иднината, заедно со нивните идеи и иницијативи,“ истакна претседателот д-р Ѓорѓе Иванов во обраќањето пред учесниците од третата генерација на Школата за млади лидери. Претседателот, кој е покровител на Школата и нејзини иницијатор, ги повика младите луѓе да ги искористат наредните денови од нивниот престој во Охрид за учење вештини, поттикнување на нивната иницијативност и креативност, на размена на драгоцени искуства што ќе ги ползуваат натаму во животот. Тој ги повика младите учесници на Школата да бидат вистински лидери и да ги покренат и останатите да добијат желба да учат и да бидат водачи. „Имаме цел да бидеме дел од Европа, но за да почитуваме европски стандарди, критериуми, вредности. Не ние да одиме во Европа, туку да ја создадеме Европа меѓу нас, да бидеме Европјани, луѓе со отворен ум кои ќе го прифаќаат она што е позитивно, а ќе го отфрлат она од минатото што обременува,“ нагласи претседателот Иванов. Свое обраќање пред учесниците на лидерската школа имаше и претседателот на Европската академија на науките и уметностите, Феликс Унгер, кој ја поздрави ивницијативата на претседателот Иванов, најавувајќи дека слични активности врз тој принцип ќе бидат организирани и од страна на ЕАУ. Унгер, меѓу другото, укажа на потребата од дистанцирање на термините менаџери и лидери. „Тоа се две различни работи. Менаџерот во општеството стои во втор план, реализира сопствени задачи, цели, наспроти лидерот кој е личност што мотивира, личност која со своето делување активно креира нови подобри начини на живеење,“ посочи Унгер. Зборувајќи за европските вредности, претседателот на ЕАНУ ја истакна слободата како една од најголемите придобивки, притоа нагласувајќи дека истата губи на вредност доколку не биде активно проследена со човековите доблести како што се желбата за правичност, збогатена со образование.
„Школата за лидери е еден исклучителен форум и многу ми е драго што повторно сум дел од оваа иницијатива на претседателот Иванов. Со младите лидери од Македонија ќе дискутираме за нивните перспективи, но и за предизвиците со кои се соочуваа современото општество. Оваа инцијатива не претставува само можност за Македонија да извлече максимум од своите потенцијали и ресусрси, туку таа истовремено има и значаен регионален и глобален контекст. Овие млади лидери не само што ќе играат значајна улога во иднината на Македонија, туку истовремено ќе бидат креатори на регионалната структура, нешто што САД активно го поддржуваат во рамки на заложбите за целосна евроатлантска интеграција на регионот,“ нагласи Рикер. „Привилегија е да си биде овде на Школата за млади лидери, која сметам дека е фантастична иницијатива. Инспирацијата на претседателот Иванов да ги охрабрува и спојува младите луѓе кон подобрување на нивните лидерски способности, може да биде само за пофалба,“ истакна британскиот амбасадор Кристофер Ивон, кој исто така денес одржа предавање пред младите лидери за концептот на активно лидерство и како тоа да се претвори во реалност. Школата за млади лидери е востановена со цел да ги стимулира позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да го развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција и културната и религиска диверзификација. Претседателот Иванов првпат ја иницираше идејата во неговата изборна програма, со визија да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.
|
Претседателот Иванов денес во Охрид свечено ја отвори третата Школа за млади лидери, со порака дека на Македонија и се потребни лидери не само во политиката, туку целосно изградени личности способни да организираат, да создаваат тимови кои ќе ја менуваат реалноста и општеството во кое живееме.
На покана на претседателот Иванов свое прадавање пред учесниците на Школата за млади лидери имаше и заменикот помошник државен секретар на САД и поранешен амбасадор во РМ, Филип Рикер, кој честитајќи му на претседателот Иванов за иницирањето на овој проект, ја оцени Школата за млади лидери како особена иницијатива, која се наметна како стандард, како нешто што и е потребно на пошироката заедницата.











