|
Претседателот Иванов на прием кај Кралицата Елизабета II во Бакингемската палата - свечено отворање на Олимпијадата
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов со сопругата г-ѓа Маја Иванова денеска присуствуваа на приемот за шефови на држави и Влади, кој го приреди Кралицата Елизабета Втора, во пресрет на свеченото отворање на 30-тите Олимписки игри во Лондон. Кралицата Елизабета Втора, посветувајќи внимание на секој гостин, срдечно се заблагодари за нивното присуство во Бакингемската палата. Претседателот Иванов, кратката средба со Кралицата Елизабета II ја искористи лично и во име на граѓаните на Република Македонија да и го честита дијамантскиот јубилеј од нејзиното 60-годишно владеење на престолот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Принцот Филип, Војводата од Единбург, сопругот на Кралицата ЕлизабетаВтора во разговорот со претседателот Иванов се интересираше за македонскиотолимписки тим и за македонскиот спорт. Вчера, претседателот Иванов оствари посета на македонските олимпијци во Олимпиското село каде што со интонирање на химната и кревањето на националното знаме се одржа официјалната промоција на македонскиот олимписки тим во Лондон.
„Секогаш кога се крева македонското знаме во присуство на нашите спортисти е еден посебен и величествен момент,“ изјави вчера претседателот Иванов. Македонските олимпијци, пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова и атлетичарите Кристијан Ефремов и Христина Ристеска, се заблагодарија за поддршката на претседателот Иванов пред своите настапи на Олимпијадата. Како што нагласи македонски знаменосец на церемонијалот на Свеченото отворање, Марко Блажевски - „Притисокот е голем, но, искрено, се чувствувам многу посмирено и порелаксирано по вчерашниот разговор со претседателот Ѓорге Иванов од кого и јас и останатите македонски олимпијци во Лондон добивме голема поддршка“.
|