Секогаш ќе бидеме со вас – Прием за членовите на македонската кошаркарска репрезентација
Петок, 13 Јули 2012   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во вила „Билјана“ во Охрид ги прими членовите на македонската кошаркарска репрезентација.

Претседателот Иванов подвлече дека неуспехот да се пласираат на претстојните летни олимписки игри во Лондон, не треба да влијае на идните активности на македонската кошаркарска репрезентација. - Напротив, ова нека биде дополнителен мотив за идните ваши победи и успеси, рече претседателот Иванов. Граѓаните на Република Македонија никогаш нема да ги заборават моментите на среќа кои вие ги приредивте на нашата нација на последното европско првенство во Литванија. Секогаш ќе бидеме со вас, и во поразите и во победите, заклучи претседателот Иванов.

На средбата се разговараше за идните планови и активности на македонската кошаркарска репрезентација, во пресрет на Европското првенство во Словенија, што ќе се одржи наредната година.

alt

  Back<<Назад