| Средба Иванов-Назарбаев: Македонија и Казахстан со конкретни чекори за зајакната економска соработка | |
|
|
Претседателот Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Република Казахстан, истакна дека на средбата со неговиот домаќин констатирале дека односите меѓу Македонија и Казахстан се традиционално пријателски и се движат по нагорна линија, како и дека сега со потпишувањето на трите договори од економската сфера, се создава правна рамка за соработка меѓу двете економии, од што бенефит ќе почуствуваат граѓаните и на двете земји. „Жалам што не успеавме порано да воспоставиме контакти. Изгубеното време ќе треба да го надоместиме,“ нагласи македонскиот претседател. Тој воедно посочи дека иако Македонија и Казахстан се географски оддалечени, меѓу двете земји има многу сличности и заедничка желба за сеопфатно развивање на меѓусебните односи. „И Македонија и Казахстан претставуваат мост на цивилзациска и културна соработка меѓу Истокот и Западот. И двете земји играат значајна и клучна улога во своите региони,“ потенцира претседателот Иванов. Шефот на македонската држава потсети дека Македонија практично го спроведува Дијалогот меѓу цивилизациите како нејзин регионален проект за промоција на етничките, културните, јазичните и верските различности, и го покани претседателот Назрабев да учествува на следниот Самит на оваа иницијатива. „ На средбата меѓу двајцата претседатели стана збор и за можностите за соработка и во сферата на културата, науката и образованието, за што - како што нагласи претседателот Иванов - потребно е унапредување на правната рамка, интензивирање на политичкиот дијалог, почести средби, размена на посети и лични контакти. Во тој контекст македонскиот претседател ги изложи и можностите за посети на казахстански туристи на Македонија. „Ме радува уверувањето кое го добив од Вашиот претседател дека Казахстан ќе биде наш иден и искрен партнер во повеќе сфери,“ истакна претседателот Иванов, додавајќи дека иако стратешки определби на Македонија се полнопрвното членство во НАТО и ЕУ, земјата води политика на пријателство и отвореност кон целиот свет: „и со Истокот и со Западот, со сите што се успешни и искрено и отворено сакаат да соработуваат“. Назарбаев од своја страна потенцира дека Македонија е можеби еден од најважните пријатели на Казахстан, нагласувајќи го интересот на земјата за зајакнување на економската соработка и односи. Казахстанскиот претседател нагласи дека од нивна страна постои интерес за соработка во сферата на енергетиката, текстилната и фармацевстката индустрија, градежништвото и земјоделството.
Во рамките на посетата на претседателот Иванов на Казахстан, заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, кој е дел од официјалната македонска делегација, потпиша три договори од економската сфера меѓу македонската и казахстанската влада. Заменик-министерот Петров со казахстанскиот министер за финасии Болат Замишев, потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход. Со министерот за индустрија и нови технологии Асет Исекешев беше потпишан Договор за заемно поттикнување и заштита на инвестициите, а со министерот за економски развој и трговија, Бакиџан Сагинтав, Договор за трговска и економска соработка. Својата прва официјална посета на Казахстан претседателот Иванов попладнево ја продолжува со средби со казахстнскиот премиер Карим Масимов и со претседателот на Горниот дом на Парламентот на Казахстан, Сенатот, Каират Мами, а ќе се обрати и на Македонско-казахстанскиот бизнис форум, на кој пред бизнисмените од Казахстан ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија. Покрај заменик-шефот на дипломатијата Петров, во составот на делегацијата што го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Казахстан, е и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо.
|
Економскиот бум што го направи Казахстан и приматот што го има како една од најбрзорастечките економии во светот, за Македонија претставува дополнителен мотив за максимизирање на економската соработка и за привлекување на казахстански инвестиции, истакна денеска во Астана македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов на зедничката прес-конфренција со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.
Македонија е пример за меѓуетнички соживот, благодарејќи на уникатниот модел на интеграција без асимилкација, кој успеавме да го создадеме, сочуваме и надградуваме,“ нагласи претседателот Иванов.
Според Назарабаев, од особена важност за зајакнување на севкупните односи меѓу двете земји ќе биде и интензивирање на соработката во сферата на културата, туризмот, образованието и науката.











