| Македонија покажа како во услови на блокада да се обезбеди просперитет - Форум Кран Монтана во Баку | |
|
|
Иванов, одговарајќи на прашање за тоа каде ја гледа иднината на Македонија во однос на Европа, нагласи дека ситечленки на ЕУ треба да се замислат зошто државата сеуште не добива датум за преговори за членство во ЕУ. Тој на претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, кој исто така присуствува на Форумот, му го честиташе најавеното добивање на датумот за преговори, напоменувајќи оти Македонија го заслужува истото. „Секој секого може да блокира на Балканот. Ние никого не сме блокирале и секој пат Македонија покажувала како треба да се однесува кон другите религии, кон другите етнички и јазички групи и како во услови на блокада да се обезбеди просперитет, истакна претседателот Иванов. Тој воедно посочи дека Македонија изгради модел на интеграција без асимилација, инклузивен модел на демократија. „По конфликтот што го имаме во 2001 година, изработивме Рамковен договор, што треба да претставува пример и за самата Европа како треба да се однесува кон различностите. Меѓутоа нашата иднина е блокирана од еден ирационален спор. Како да докажам сега дека јас зборувам македонски јазик, како да докажам дека доаѓам од земја што се вика Македонија, што била, останала и ќе биде Македонија. Не можеме да бидеме друго,“ им порача македонскиот претседател на присутните сегашни и поранешни претседатели, премиери и претставници на меѓународни организации. Претседателот истакна дека Европа наместо да поддржува просперитет и развој е солидарна со една нејзина членка, која, како што рече „ни прави проблеми нам и на целиот регион“. Иванов нагласи дека регионот на Балканот, кој е измешан со различни култури, јазици и религии може да живее во мир само кога е на отворен простор. Тој потенцира дека европската идеја за Балканот е потребна како идеја за мир. „Нашите економии во услови на криза фуционираат како европска економија. Нашиот буџетски дефицит е во рамки на европските стандарди, но ние сме блокирани да бидеме дел од еден отворен простор. Европа е единствена која може да го отвори просторот, оти кога го отварате просторот го отварате и умот на луѓето. Ајнштајн рекол дека човечкиот ум е како падобран, од него имате корист само ако е отворен, истакна македонскиот претседател. Тој и порача на Европа да се позанимава со своите членки, кои не промовираат отворен ум. Претседателот Иванов напомена дека Македонија и Грција се тесно поврзани во најразлични сфери, нагласувајќи дека македонските граѓани традиционално патуваат на одмор во Грција, а најголеми инвеститори во Македонија се грчките бизнисмени. И само на еден универзитет во Солун последните пет-шест години има илјада Македонци кои завршиле постдипломски студии. „Ние ја помагаме грчката економија, меѓутоа грчките политичари сеуште живеат во категории од 19. век со кои го оспоруваат некому правото на самоидентификација. Тоа е елементарно право на човекот, самиот себе си да може да се дефинира. Заврши времето кога другиот одредува кој што ќе биде, нагласи претседателот Иванов. Тој уште додаде дека сите зејми-членки на ЕУ се одговорни за тоа што и е случува на Македонија во однос на нејзиното членството во Унијата.
|
Македонија досега покажа дека се однесува европски, порача македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов пред учесниците на официјалното отварање на 23-та годишна сесија на Форумот Кран Монтана, што почна денеска во Баку.










