Обраќање на промоцијата на Европското првенство во кошарка 2013
Среда, 17 Јули 2013   

basket01Почитуван претседателе Пахор и драг пријателе Пахор,

Навистина задоволство е да се биде во присуство на спортисти, бизнисмени и да се промовира Евробаскетот во Словенија, во септември. Ние, воопшто, не се сомневаме во одличната организација на Евробаскетот во септември во Словенија. Знаеме какви домаќини сте.

Се надеваме дека Словенија ќе може да покаже како знаат спортистите да се натпреваруваат и да победуваат. И ние нема да Ви останеме должни. И ние ќе знаеме да се покажеме во најдобро светло. Ако важеа спортски правила во Европската унија, досега ќе бевме членка на Унијата.

Ви честитам за организацијата, за тоа што ќе бидете домаќини на Евробаскетот и да се покаже како можат сите Европејци да играат и да се натпреваруваат. Замислете Европа да има свој тим и Европа да учествува на олимпијада, колку медали би добила. Така што, она што го прават спортистите, се надеваме дека ќе го прават и политичарите – ќе ги обединуваат луѓето и ќе им носат многу радости, ќе им носат многу просперитет и убави моменти.

Уште еднаш, Ви честитам, и Ви посакувам сè најдобро и навистина да се покажете како добри домаќини.

basket02

  Back<<Назад