| „Охридско лето“ - дом на македонската, европската и светската уметност - свечено отворање на 52. издание на фестивалот | |
|
|
Повеќе од половина век „Охридско лето“ претставува дом на македонската, европската и светската уметност. Отворен дом во кој реномираните уметници од целиот свет секогаш одново се враќаат за да ги споделат своите моменти на инспирација со верната публика. Изминатите децении над 10.000 учесници од 56 земји ја гасеа жедта на публиката. Жед за естетското, убавото и вредното. Тоа не ќе беше возможно без генерациите македонски творци и организатори кои оставија печат со својата посветеност. Тоа е потфат кој е достоен за почит, потфат, со кој Македонија е особено горда.
Почитувани, Уметноста го разубавува животот. И ја облагородува душата Секоја уметност бара храброст. Исто како и љубовта, која во сè верува, на сè се надева, сè поднесува и никогаш не пропаѓа. Таа е безвремена, како што е и приказната за Ромео и Јулија. А, безвремената љубов има потреба од безвремен простор. Простор што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината. И зарем има поприроден амбиент за славење на љубовта од овој вековен храм на уметноста. Храм во кој се облагородувале и граѓаните на Лихнид.
|
Почитувани присутни, ценети екселенции, драги пријатели,












