| Свечено отворање на Меѓународниот конгрес „Балканот на Евлија Челеби“ во МАНУ | |
|
|
„Како нас нè виде Евлија Челеби“ Почитуван претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академик Камбовски, ценети учесници, дами и господа, Добре дојдовте во Република Македонија, добре дојдовте во градот Скопје. Античкиот биограф Диоген Лаертиј, во биографијата за Питагора, зборува за песната за која се претпоставува дека славниот филозоф им ја посветил на античките жители на овој град - Скопијадите. Песна која започнува со една многу важна поука која Питагора ја научил од жителите на градот: „Не биди бесрамен кон никого“. Може да се каже дека и ден-денес, оваа мисла е неформалното мото на Скопје. Верувам дека за ова непишано правило биле свесни речиси сите патници и патописци кои дошле во Македонија и го посетиле Скопје. Денес сме тука за да зборуваме за еден од најпознатите светски патописци, човекот кој во наследство ни ги остави цивилизациските траги за нашето, балканското минато – Евлија Челеби. Почитувани присутни, Неговите погледи, кои понекогаш се обременети со предрасуди, сепак ни овозможуваат да го спознаеме неговиот и, воопшто, османлискиот поглед на Балканот во 17 век. Евлија Челеби за време на своите патувања, неминовно се среќавал и со немуслимански и неосманлиски вредности и концепти, идеи и обичаи, кои делумно ги пренесувал во своите записи. На тој начин, патописецот придонесе кон градењето разбирање меѓу народите, културите и цивилизациите. Иако со својата творечка фантазија, Челеби понекогаш преувеличува, поради што некои негови искази треба да се земат со резерва, сепак, неговите записи се значајни извори, не само за историјата и географијата, туку и за етнографијата и антропологијата, економијата и архитектурата на нашите простори, на Балканот, на Македонија, на Скопје. Посетувајќи го Скопје, во 1660 година, тој запишал: „[Чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите, чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите. Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Алеп.“
Ценети присутни, По одбраната на Виена во 1683 година, Австрија, заедно со останатите земји од Светата Лига, премина во контраофанзива, длабоко навлегувајќи на териториите на Османлиската Империја, сè до Македонија. Пиколомини со војската стигнал во Скопје, каде беснеела епидемија на колера. Во своето писмо од 31 октомври 1689 година до царот Леополд I, Пиколомини го вели следново: „Скопје е простран град, не многу помал од Прага или колку неа. Го најдов напуштен, без скапоцености, богато снабден со продукти […] Сега се решив, но многу неволно, градот под пепел да го закопам. Ми беше жал за зградите какви во оваа војна не бев видел, џамиите од мермер и порфир со илјадници кандила и позлатени алкорани на кои човек би им посветил внимание и во Рим, убавите куќи, бавчи и забавишта... големите резерви средства за живот, сето тоа на пламенот морав да го предадам. […] Чадот го затемнуваше сонцето на 26 октомври и следниот ден. Ние стоевме на еден висок рид и под звуците на војничките инструменти го гледавме пожарот на ова убаво место, навистина не без мака и жалење, додека ми навираше помислата дека и убавите предградија на Виена ја доживеаја истата судбина.“
„Економската состојба на македонскиот селанец не го натажува руското око: селанството руско и бугарското во кнежевството е победно од македонското. […] Само минувајќи и со свои очи видувајќи го југот на Македонија, вие можете во полна мера да разберете зошто за тој крај со толкава жестокост спорат и се борат толку народности, секако прогласувајќи го за свој затоа што е тоа - градина, вистинска градина! Селаните не изгледаат запустени, нивната облека е шарена и богата, околу селата пасат многу стада, насекаде се слуша словенски говор...Бугарските села во кнежеството се далеку понечисти. За нашите и да не говорам.“ Амфитеатров ја нарекува Македонија земја на раздорот, земја за која се водат битки од нејзините соседи. Ако Челеби ја остава Македонија во надеж, а Пиколомини во пепел, Амфитеатров ја остава во превирање, раздор и поделба. Тоа важи и за Балканот. Нашиве простори ги зафатија две балкански војни, две светски војни, Студената војна и крвавиот распад на југословенската федерација кој настапи по крајот на блоковската поделба. Сево ова нè наведува на едно хипотетичко прашање: Што би кажал денес Евлија Челеби за Балканот? Балкан кој, по турбулентните 90-ти години на минатиот век, денес, сè уште е поделен и затворен, Балкан во кој сè уште опстојуваат стравот и предрасудите кои ги создава затворениот простор. Ценети присутни, Сево ова нè води до уште едно хипотетичко, но донекаде реторичко прашање: Дали во денешни услови, воопшто, би постоел Евлија Челеби? Не смееме да заборавиме дека тој бил хроничар на своето време, благодарение на отворениот простор во кој патувал, комуницирал и учел. Простор во кој речиси непречено се движел, набљудувал, запишувал и споделувал. Простор кој неминовно упатувал на комуникација. А, знаеме дека оној кој комуницира се интегрира, додека оној кој не комуницира се гетоизира. Евлија Челеби е производ на отворениот простор, истиот оној простор за кој тој пишуваше четири децении. Како висок османлиски службеник, тој ја имал довербата на властите, со кои ги споделувал своите впечатоци, мислења и перцепции за луѓето и народите, за нивните верувања и вредности, навики и обичаи. Со тоа, тој посредно ја менувал перцепцијата и на своите современици, но и на подоцнежните генерации кои ги читале неговите редови. На тој начин, патописецот придонесе кон градењето разбирање меѓу народите, културите и цивилизациите. Оттука и дилемата: Кој би бил современиот Челеби? Дали современ пандан на неговите патописи се извештаите на Европската комисија, на Фридом Хаус или на ОБСЕ? Дали современиот Челеби е интернетот? Марк Твен рекол: „Патувањето е погубно за предрасудите, фанатизмот и тесноградоста“. Верувам дека Челеби мошне рано станал свесен за оваа голема вистина. Дами и господа, Ви благодарам.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов се обрати на Свечено отворање на Меѓународниот конгрес „Балканот на Евлија Челеби“, посветен на 400-годишнината од раѓањето на познатиот отомански патописец. Конгресот, кој се одржува под покровителство на претседателот Иванов, е организиран од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Центарот за цивилизациски студии при Универзитетот „Бахчешехир“ (МЕДАМ) од Турција.
Пожарот насилно го прекинал процутот на градот. До темел изгореле многу куќи и дуќани, но епидемијата не престанала. И самиот Пиколомини се заразил од колера и наскоро починал. А, од Скопје останале само градбите од камен, Калето, неколку џамии, црквите Свети Димитрија и Свети Спас, и големиот Карван – Сарај. На градот му биле потребни два века за да закрепне од трагедијата. Од 60.000 жители, бројот на населението се намалил на 10.000. Во наредните 200 години Скопје бил мал и непознат град, сè до средината на 19 век кога повторно се вратила трговијата, занаетчиството и кога почнале да се градат нови објекти.










