Г-ѓа Иванова во посета на најголемата здравствена установа за деца во Канада
Вторник, 23 Април 2013   

Сопругата на претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова во Торонто ја посети најголемата здравствена установа за деца во Канада, која е основана во 1875г. и е поврзана со Универзитетот во Торонто.

Болницата наречена „Болни деца" (Sick kids) е една од најнапредните во областа на истражувањето и со својата клиничка експертиза досега помогнала, не само на национално, туку и на глобално ниво. На болницата во која работат 8400 лица и 1500 волонтери се лекуваат повеќе од 100.000 пациенти годишно.

При посетата на здравствената установа „Болни деца" г-ѓа Иванова го посети Џејмс, дете кое е едно од стотината деца кои страдаат од се уште недијагностицирана болест, а кое се лекува со музичка терапија.

За време на посетата, г-ѓа Иванова оствари средба со Џеф Мејнленд, потпретседател на болницата, на која се разменија мислења и се разгледаа можности за соработка на оваа престижна светска болница со Детската клиника во Скопје, во рамки на активностите на г-ѓа Иванова.

 

Биографија

Првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник кој во слободното време пишува поезија. 

Повеќе

 

Фото галерија

Maja_fotogal