Новоименуваните амбасадори на Финска и Шри Ланка ги предадоа акредитивните писма
Петок, 21 Октомври 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Финска и на Демократската Социјалистичка Република Шри Ланка.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Финска, Н.Е. Јуха Отман, Претседателот Иванов позитивно го оцени развојот на пријателските односи и соработка меѓу двете земји, изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од страна на Финска за процесот на евро-интеграција на Република Македонија.

Претседателот Иванов и амбасадорот Отман се согласија дека постои огромен потенцијал и бројни можности за унапредување на економската соработка, особено на полето на инвестициите и на зедничките вложувања, за што е потребно поттикнување на контактите меѓу деловните асоцијации, презентации на можностите на стопанствата на двете земји, организирање бизнис форуми. Двајцата соговорници разговараа и за можностите за зајакнување на билатералната соработка и во сферите на образованието, науката, културата и туризмот.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Демократската Социјалистичка Република Шри Ланка за Република Македонија, Н.Е. Алијар Лебе Абдул Азес, претседателот Иванов ја исткна потребата од унапредување на соработката помеѓу двете земји во областа на економијата, науката, технологијата, образованието, културата и други сфери од заеднички интерес. Претседателот Иванов нагласи дека Република Македонија е заинтересирана за севкупно унапредување на билатералните односи со Шри Ланка. Претседателот Иванов и амбасадорот Абдул Азес заклучија дека е неопходно интензивирање на меѓусебниот политички дијалог и економската соработка во сите полиња, за што потребна е институционална поддршка, но и унапредување на правната рамка.
 

  Back<<Назад