|
Честитка до Претседателот на Израел, Шимон Перес по повод празникот Рош Хашана и одбележувањето на Еврејската нова година
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод големиот празник Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5772 година според Еврејскиот календар, упати честитка до Претседателот на Државата Израел, Шимон Перес.
Почитуван господине Претседателе, Ми причинува особено задоволство, во име на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод празникот Рош Хашана, со желби за мир, благосостојба и просперитет на Вашата земја и нејзините граѓани. Истовремено ја користам можноста да Ви посакам Вам и на Вашето семејство добро здравје и среќа, како и натамошен успех во извршувањето на Вашите одговорни обврски. Честитајќи Ви ја новата 5772 година, дозволете ми да го искажам своето задоволство од досегашниот позитивен развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Државата Израел, за кои сум убеден дека и во иднина ќе продолжат да се развиваат во духот на воспоставеното пријателство и меѓусебното разбирање. Упатувајќи Ви најдобри желби за благословен Рош Хашана, Ве молам да ги примите, господине Претседателе, изразите на моето највисоко почитување. L’ Shanah Tovah, Д-р Ѓорге Иванов
|