Честитка по повод 2-ри Август - Ден на Републиката
Вторник, 02 Август 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод 2-ри Август - Ден на Републиката, упати честитка до граѓаните на Република Македонија и сите Македонци ширум светот.

Почитувани,

Денес Република Македонија одбележува 108 години од Илинденското востание и 67 години од второто заседание на АСНОМ. Денес сите македонски граѓани имаат причина за славење и гордост. Денес празнуваат сите Македонци ширум светот, денес празнува секој слободољубец и хуманист, секој правдољубив демократ.

Прославувајќи го 2 Август, Денот на Републиката имаме извонредна можност да им се заблагодариме на сите херои од сите периоди и историски премрежија на нашиот народ кои идеалите за слобода, рамноправност и демократија ги преточија во стварност.

Она што беше прокламирано во крушевскиот Манифест и етаблирано во одлуките на АСНОМ веќе 20 години е наше секојдневие.

Врз цврстите темели што ги поставија нашите предци, Република Македонија, слободна и независна продолжува со својот развој и напредок. Пред нас претстои континуирана работа во која македонските граѓани обединети ќе работат на изградбата на современо и просперитетно општество.

Да е честит и вековит празникот!

Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад