Честитка по повод започнувањето на рамазанските пости
Понеделник, 01 Август 2011   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод започнувањето на рамазанските пости упати честитка до Ријасетот на Исламската верска заедница во Република Македонија.

Почитуван Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,

Дозволете ми од мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија да Ви го честитам започнувањето на рамазанските пости, Вам, на Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, посакувајќи да ги поминете во мир, здравје и благосостојба, во духот и традицијата на Вашата вера.

Соработката и соживотот се основа на нашето општество и како такви тие се пример за целиот свет. Цврсто сум убеден дека и во иднина, Исламската верска заедница ќе продолжи со својата активност да придонесува Република Македонија и понатаму да биде пример за заедничко живеење во мир и меѓусебно разбирање и почитување на сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Возвишениот месец Рамазан нека биде исполнет со радост, хармонија, добрина  и солидарност.

Со почит,
Д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија

  Back<<Назад