|
Писмо со сочувство по повод трагичните настани во Норвешка
|
|
|
По повод трагичните настани кои се случија во Норвешка, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до Неговото Височество Харалд V, Крал на Норвешка.
Ваше Височество,
Со длабока тага ја примив веста за овој необјаснив чин на насилство во Осло и искрено жалам за загубените животи во оваа голема трагедија.
Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека срцата на македонските граѓани се со Вас.
Ве молам, Ваше Височество, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.
Д-р Ѓорге Иванов
|