| Сочувство од претседателот Иванов по повод терористичкиот напад во Манчестер | |
|
|
Ваше Величество, Со шок и огорченост ја примив веста за бруталниот напад во Манчестер, во кој животот го загубија голем број на невини лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на длабока тага, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој грозоморен и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување. Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на сите терористички напади и е солидарна со Обединетото Кралство во борбата против тероризмот. Како никогаш досега, потребно ни е заедништво, максимална соработка и одлучност во борбата против сите оние сили кои преку насилство и терор сакаат да внесат страв и омраза, притоа уништувајќи ги сите цивилизациски придобивки, кои генерациите зад нас истрајно ги создавале. Ваше Величество, нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод терористички










