Честитка по повод Националниот празник на Република Грција
Четврток, 23 Март 2017   

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Република Грција упати честитка до г. Прокопис Павлопулос, Претседател на Република Грција.

Ваша Екселенцијо,

Ми претставува особена чест и задоволство, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод националниот празник на Република Грција.

Ја користам оваа свечена пригода да нагласам дека градењето на добрососедски односи, регионална стабилност и соработка, како и интегрирањето во Европската унија и НАТО се областите кои претставуваат приоритет за Република Македонија.

Дозволете ми повторно да ја истакнам нашата силна посветеност за унапредување на добрососедските односи и дијалогот со Вашата земја, како и да ја пренесам мојата силна порака дека, со заеднички заложби и соработка, можеме да создадеме позитивна клима на заемна доверба и почит, со што ќе осигураме просперитетна иднина за нашите граѓани.

Ве молам, примете ги, Ваша Екселенцијо, изразите на моето високо почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад