|
Честитка до Христијаните кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
|
|
|
 Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до сите Христијани кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
Дозволете ми да Ви го честитам најрадосниот христијански празник, Раѓањето Христово-Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови.
Токму на Божик празникот на мирот и помирувањето, на прифаќањето на другиот, ги потврдуваме нашите заеднички заложби за негување и почитување на верските различности и религиозните посебности како врвна вредност на нашето општество и целиот цивилизиран свет.
Божик е празник на радоста и љубовта, разбирањето и заедништвото дарувањето и помагањето. Нека светлината и топлината на овој голем празник ги исполнат нашите домови и нека ни донесат лична и семејна среќа, и верба во себе и другите.
Нека е честит празникот.
Со почит, д-р Ѓорге Иванов
|