РЕАКЦИЈА од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија по повод написот „Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра“ во дневниот весник „Вест“
Петок, 18 Септември 2015   

KabinetРеакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод написот „Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра", објавен во дневниот весник „Вест" на 17 септември 2015 година.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во однос на написот „Потписот на Ѓоле вреди 6.000 евра", објавен на 17 септември 2015 година во дневниот весник „Вест" може да го констатира следното:

Главниот и одговорен уредник на погоре споменатиот медиум по кој знае кој пат продолжува грубо да ја лаже, манипулира и дезинформира македонската јавност во однос на работата на Претседателот на Република Македонија. И во овој напис тој повторно е во заблуда.

Наместо да ја објави вистинската цена на летот, главниот и одговорен уредник несвесно си ја објави висината на својата месечна плата од 6.000 евра.

Цената на летот кон и од Црна Гора, според официјалната документација на Службата за општи и заеднички работи, што може лесно да се провери, изнесува вкупно 969 евра.

  Back<<Назад