Честитка до г. Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација, по повод Националниот празник на Руската Федерација
Петок, 12 Јуни 2015   

putinПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Руската Федерација, упати честитка до г. Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација.

Почитуван господине Претседателе,

Ми претставува особена чест и задоволство, по повод Националниот празник на Руската Федерација, во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата држава и благосостојба на нејзиниот народ.

Во оваа свечена пригода, сакам да го поздравам традиционалното пријателство меѓу нашите две земји. Воедно, сакам да искажам и задоволство за достигнатото ниво и постојаниот развој на соработката во повеќе сфери од заемен интерес.

Убеден сум дека со заемни ангажмани и во наредниот период ќе продолжи да јакне севкупната соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација за што ја повторувам мојата целосна подготвеност.

Упатувајќи Ви ги моите најискрени желби за Ваше добро здравје и лична среќа Ве молам, господине Претседателе, примете ги изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад