Честитка по повод Националниот празник на Република Грција
Среда, 25 Март 2015   

pavlopoulosПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Република Грција упати честитка до г. Прокопис Павлопулос, Претседател на Република Грција.

Ваша Екселенцијо,

Ми претставува особена чест и задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви го честитам Националниот празник на Република Грција и да Ви упатам најискрени желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзините граѓани.

Ја користам оваа свечена пригода, да истакнам дека градењето на добрососедските односи, регионалната стабилност и соработка, интегрирањето во Европската унија и НАТО се областите кои за нас претставуваат највисоки приоритети. На овој план сакам да Ве уверам во мојата и на Република Македонија целосна подготвеност за тесна соработка со Вас и Република Грција.

Искрено се надевам дека со заеднички напори ќе ја надминеме разликата во нашите односи и дека ќе успееме да го надоместиме сето она што беше пропуштено во изминатите две децении. Уверен сум дека со заеднички заложби можеме да создадеме попозитивна клима на заемна доверба и почит, со што ќе ја охрабриме соработката во сите области од заемен интерес и ќе обезбедиме просперитетна иднина за нашите граѓани.

Со надеж дека наскоро ќе имаме можност и лично да се сретнеме, честитајќи Ви го уште еднаш празникот, Ве молам, Ваша Екселенцијо, да ги примите изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад