|
Средба со г-ѓа Мими Кодели, министер за одбрана на Република Албанија
|
|
Четврток, 22 Јануари 2015
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ја прими г-ѓа Мими Кодели, министер за одбрана на Република Албанија.
Двајцата соговорници изразија задоволство од севкупната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија на билатерален и на мултилатерален план, особено во сферата на одбраната.
Претседателот Иванов ги поздрави досегашните заеднички ангажмани во интегративните процеси, особено во рамки на Јадранската повелба и го изрази очекувањето за активна поддршка од Република Албанија во однос на членството во НАТО.
Македонскиот претседател ги поздрави напорите за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка во сферата на одбраната, преку реализација на проекти и заеднички активности.
|