Проштална средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г. Пол Волерс
Понеделник, 12 Јануари 2015   

prostalna_volers2Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс.

На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од одличните билатерални односи и од долгогодишното стратешко партнерство, меѓу Република Македонија и САД.

Претседателот Иванов, изрази благодарност за досегашниот придонес и ангажман на амбасадорот Волерс, во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу двете земји, и искажа очекување дека продлабочувањето на политичкиот дијалог и соработката во сите сфери од заеднички интерес, ќе продолжи и во иднина.

Македонскиот претседател, се заблагодари за постојаната и силна поддршка што САД ја даваат во однос на реализирањето на нашите евро-атлантски интеграции, членството во ЕУ и во НАТО.

Амбасадорот Волерс, изрази задоволство од вршењето на дипломатската функција во земјава и искажа благодарност за поддршката од сите институции во Република Македонија. Тој додаде дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат евро-атлантските аспирации на Република Македонија, и дека неговата земја ќе продолжи да ги негува пријателството и партнерството со Република Македонија.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот г. Волерс му посака успех во натамошната работа.

  Back<<Назад