|
Честитка до новоизбраниот претседател на Романија, Н.Е. г. Клаус Јоханис
|
|
Четврток, 20 Ноември 2014
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати честитка до новоизбраниот претседател на Романија, Н.Е. г. Клаус Јоханис.
Ваша Eкселенцијо,
Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Вашиот избор за претседател на Романија, како и да Ви посакам натамошен успех во извршувањето на оваа одговорна функција.
Ја користам оваа пригода да изразам задоволство за успешниот развој на традиционалните пријателски односи меѓу нашите две земји и да го изразам своето уверување дека билатералните односи и соработката ќе продолжат успешно да се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и почитување. На тој план, сакам да знаете дека сум целосно подготвен.
Длабоко сум убеден дека за време на Вашиот мандат, Романија како докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи да ги поддржува нашите заложби за интегрирање во Европската унија и во НАТО и дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за регионалната стабилност и просперитет.
Со искрени желби за добро здравје, натамошна успешна работа и лична среќа, Ви ги упатувам, Ваша Eкселенцијо, изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|